Протест и судир со полицијата во Ерусалим поради наметнатите ограничувања

Макфакс

14/07/2020

10:54

671

Големина на фонт

а а а

Ултраправославни демонстранти се собраа во квартот на Ерусалим каде што се на сила карантинските мерки, во знак на протест против наметнатите ограничувања, а дел од нив се судрија со полицијата, пренесува АП.

Околу 400 луѓе протестираа доцна синоќа во квартот Ромема во Ерусалим.

Некои од нив се судрија со полицијата и запалија голем куп смет. Израелската полиција потврди дека најмалку едно лице е уапсено.

Бидејќи земјата се соочува со зголемување на бројот на заразени, израелските власти почнаа да наметнуваат ограничувања за одредени градови и делови од градовите особено погодени од пандемијата.

Повеќето од овие области се ултраправославни и нивните жители сметаат дека се неправедно издвоени како особено ризични во однос на ширењето на вирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг