Владата ги осуди нападите врз новинарката Тања Милевска, МВР и ЈО итно да ги расчистат бруталните закани

Макфакс

14/07/2020

10:23

886

Големина на фонт

а а а

Владата најостро ги осудува нападите со говор на омраза врз новинарката Тања Милевска и врз кој било друг новинар и граѓанин воопшто. Реакцијата следи по вербалните напади и говорот на омраза на социјалните медиуми кон дописничката на МИА од Брисел Тања Милевска.

„Владата цврсто стои зад слободата на говор и слободното новинарство и има нула толеранција за заплашување и закани кон новинарите. Безбедно известување и слобода на мисла, говор и делување во медиумите е наша суштинска, сегашна и долгорочна заложба, на која посветено работиме.

Родово-базираното насилство е друг, но подеднакво важен општествен проблем на кој сите заеднички и солидарно треба да му се спротивставиме и со кој ќе се избориме.

Ги повикуваме МВР и Јавното обвинителство веднаш да постапат за расчистување на бруталните закани и родово-базираните повици на насилство кон новинарката“, се наведува во владиното соопштение.

Претходно Здружението на новинари (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ) најостро реагираа на говорот на омраза, а осуда стигна и од Европската комисија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг