Топлите денови се сосема доволна причина за да направите некој брз десерт, без да го поминете денот во кујна.
Захер тортата е вистинскиот избор.
- 200 гр. чоколадо
- 125 гр. путер
- 10 белки од јајца
- 200 гр. шеќер во прав
- 100 гр. брашно
- џем од кајсии
- 150 гр. чоколадо
- 2 капки масло
Растопете го чоколадото и додадете го путерот врз него. Изматете, па додадете ги белките и шеќерот во прав кои претходно сте ги изматиле заедно. Печете на подмачкана тава на 200 степени. Премачкајте го тестото со тенок слој џем од кајсии, па преку тоа истурете ја чоколадната глазура (растопете го чоколадото заедно со маслото).