Овој човек изработува необичен ''оштетен'' мебел кој изгледа како да излегол од Дизниев цртан – погледнете

Точка

13/07/2020

18:17

4.588

Големина на фонт

а а а

Овојпат ќе ви претставиме креативен дизајн на мебел кој што е необичен, но и многу функционален.

Хенк Вархов од Нов Зеланд е човекот кој што прави необичен мебел.

Неговите парчиња мебел се со криви рабови и пукнатини на нив во пределот на средината, а изгледаат како да излегле од некој цртан на „Дизни“.

Овој мебел е совршено функционален, иако изгледа како некој да го оштетил со секира.


Верхоф изработува ваков мебел веќе 53 години, а веќе некое време е во пензија, па експериментирањето со различни дизајни во меѓувреме му станало хоби, пренесува „My Modern Met“.

Неговата последна креативна идеја е ставање на светло кое што одговара, зад мебелот кој што создава неверојатна илузија - како да удрил гром.


Куриозитетот е тоа што Хенк започнува да го изработува парчето мебел без никаков претходен план.

Тој признава дека тоа што го прикажува секогаш е добра идеја.


Верхов секое едно парче мебел го изработува од 80 до 100 часа, што вклучува и лакирање на финалниот производ.

Тој ужива да ги прикажува своите нови креации на својата Фејсбук страница, а понекогаш мебелот го продава на „eBay“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг