Германците направија скандал од забавата на Нојер во Хрватска: Дали знаеш што пееш?

Дерби

13/07/2020

16:50

4.081

Големина на фонт

а а а

Мануел Нојер ја избра Хрватска како идеална дестинација за летен одмор по крајот на сезоната во Бундеслигата, но оттаму вчера ни приситгна едно видео кое навидум е симпатично, но кое сепак се претвори во скандал поради содржината на песната.

Нојер можеше да се види во необично светло како изустува зборови на хрватски јазик во моменти кога е запеан со пријателите, но бидејќи дел од песната на Марко Перковиќ-Томпсон има фашистичка содржина, голманот на Баерн Минхен наиде на сериозна осуда во родната Германија.

Посебно критички настроен беше угледниот „Билд“, кој со насловна страна и жестока вест го запраша Нојер „дали знае што пее“…

– Дали Нојер знае што пее, односно дали знае дека пее песна на екстремно десничарски бенд познат по скандали? Со пеењето на хрватски јазик, голманот на Баерн Минхен ги возбуди страстите на Балканот и на социјалните мрежи. Хрватите го слават, а Србите и Босанците го напаѓаат. Песната што ја пее се изведува на многу места, но е спорна бидејќи во неа се споменува Херцег Босна, како што Хрватите го именуваа делот од БиХ, од кој во деведесетите години од минатиот век направија автономна област која сакаа да ја припојат кон Хрватска. Хрватите до Херцег Босна дојдоа со етничко чистење на Босанците и на Србите, притоа масакрирајќи ги и ограбувајќи ги. Тоа што го пее Томпсон е величење на фашизмот, што го докажува и со песната ‘Јасеновац и Градишка Стара’, во која го нагласува убивањето на Србите, Евреите и Ромите. Токму поради ваквите песни, на Перковиќ му е забрането влегување и пеење во поголем број европски држави, – гласи нападот на „Билд“, а по кој прозваниот Нојер се одбрани со една реченица.

– Не зборувам хрватски јазик, така да не знаев што се пее и не го знаев пејачот, – гласи одговорот на Нојер до „Билд“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг