Точка ТВ: Топ 10 најневеројатни случајности (Втор дел)

Точка

13/07/2020

23:44

4.514

Големина на фонт

а а а

Животот е полн со случајности и тие му се случуваат на секој од нас. Сепак, постојат некои навистина неверојатни случајности кои дефинитивно не се случуваат секојдневно, па луѓето неретко развиваат некакви теории обидувајќи се да ги разјаснат. Ова вторите пет од 10-те најневеројатни случајности.

Близнаците Џим Луис и Џим Спрингер биле посвоени од различни семејства и ги раздвоиле веднаш по раѓањето. И двајцата го добиле името Џејмс, двајцата биле на полициска обука, се занимавале со техничко цртање, а сопругите им се викале Линда. И двајцата имале синови со име Џејмс Алан, двајцата подоцна се развеле и новите сопруги им се викале Бети. И двајцата имале кучиња со име Тој.


Не пропуштајте: Точка ТВ: Топ 10 најневеројатни случајности (Прв дел)


Хенри Зигленд во 1883-та година раскинал со девојката која набрзо потоа од тага се самоубила. Нејзиниот брат во напад на бес пукал во Хенри, па се самоубил. Меѓутоа Хенри не починал, туку куршумот преку неговото лице завршил во дрво.

Неколку години подоцна, Хенри одлучил да го исече дрвото, но поради тоа што било огромно, решил да го разнесе со динамит. Експлозијата го исфрлила куршумот од стеблото кој завршил во главата на Хенри кој веднаш им подлегнал на повредите.


Виолет Џесоп работела на брод и преживеала три катастрофални бродоломи. Првиот бил судирот на тогаш најголемиот цивилен брод „Олимпик“ со крузерот „Хок“ во 1911-та година. Една година подоцна се спасила од потонувањето на „Титаник“, а потоа работела за Црвениот крст на бродот „Британик“ кој во 1916-та година потонал во Егејското море.

Се покажа дека Поршето во кое Џејмс Дин загина во 1955-та година го следи несреќа. Од местото на несреќата автомобилот бил однесен во гаража - од возилото испаднал моторот и му ги смачкал нозете на механичарот кој го поправал.


Моторот му бил продаден на доктор кој го поставил на својот тркачки автомобил и набрзо загинал во тркачка несреќа. Како тоа да не било доволно - Поршето било изложено во Сакраменто каде што паднало врз тинејџер и му го скршило колкот. На крајот автомобилот додека бил превезуван од камион во Лос Анџелес, мистериозно исчезнал и ниту ден денес никој не знае каде се наоѓа.

Книгата „Патот до Месечината“ од 1865-та година на францускиот писател на научна фантастика Жил Верн не е целосно фантастика. Во книгата се наоѓаат необјасниво точни предвидувања во врска со слетувањето на Месечината, како и димензиите на лансирната рампа и капсулата за слетување многу слични на „Аполо 8“ и „Аполо 11“ направени стотина години подоцна.

Покрај тоа, леталото во книгата на Верн било наречено „Колумбијад“, а командниот модул на „Аполо 11“ бил наречен „Колумбија“. Како и кај Жил Верн, и „Аполо“ имаше по 3 членови на екипажот. Верн во тоа време успеал некако да предвиди дека астронаутите ќе се најдат во некаква безтежинска состојба.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk