Овие хороскопски знаци се олицетворение на страста и емоцијата, вистински примери за совршен однос кој што едноставно не можат да го избегнат.
Помеѓу овие два знаци постои силна привлечност затоа што се многу спротивни, па едниот знак секогаш го дава тоа што му недостасува на другиот.
Како два магнети, се привлекуваат, а тоа ќе го прават до крајот на нивниот живот.
Бикот и Шкорпијата толку многу сакаат секс што таа компатибилност ќе им даде сила да ги пребродат речиси сите други разлики кои што ги имаат. И двајцата партнери чувствуваат потреба за страствени игри. Доколку сè друго биде во ред, ниту еден од нив нема да почувствува потреба за неверство.
Астролозите сметаат дека ова е совршена комбинација. Тврдоглави, амбициозни - Јарците се надополнуваат со Раковите, оние кои што сакаат да сонуваат, понекогаш и премногу. Со текот на времето овие два знаци го пронаоѓаат заедничкиот јазик и лесно се урамнотежуваат во заедничкиот живот.
Лавот не може да ѝ одолее на Водолијата. Бунтовниот дух на Лавот, а Водолијата е неговата најатрактивна харизма. Ниту еден нема толку лесно да ја допушти доминацијата на тој другиот. Лавот најмногу го интересира самиот тој, додека пак Водолијата сака да истражува и ја интересира и останатиот дел од светот.