Клоп: Уште 4 години во Ливерпул, па потоа одмор цела година!

Макфакс

13/07/2020

12:27

1.968

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Ливерпул, германскиот стратег Јирген Клоп потврди дека уште неколку сезони ќе биде на чело на клубот од „Енфилд“.

„Што се однесува до плановите за блиска иднина, сакам уште 4 години во Ливерпул. Потоа, не сакам да работм ништо една година, односно да правам што јас сакам. После тоа може некој клуб, репрезентација“ – изјави Клоп за германски „SWR”.

Многумина сметаат дека клупата на селекцијата на Германија би била голем предизвик за Клоп кој во Ливерпул е од есента 2015 година.

„На крајот на кариерата дефинитивно ќе се вратам во Германија, најверојатно во Мајнц, го сакам, тој е за мене идеалното место за живот“ порача Клоп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг