Светот веќе се подготвува за големото ''враќање'' на коронавирусот наесен и тоа не сам, туку со многубројни ''пријатели'' - мали сипаници, грип и други инфекции.
Секоја сезона нè напаѓаат до 200 различни видови вируси, но доминираат еден или пак два најопасни.
Докторите советуваат: искористете го ова време да го зајакнете вашиот имунитет. Тогаш шансите да бидете загрозени поради некаква инфекција се многу мали.
- Свежиот воздух го зајакнува имунитетот, а сонцето создава ''залихи'' во организмот - витаминот Д кој што помага во одбрана од инфекции.
- Возење велосипед, трчање, прошетки во природа, било каква физичка активност ќе допринесат за вашето здравје.
- Доколку се храните нездраво, сами ја отворате вратата за многу болести. Анализирајте го вашето мени: дали храната која што ја внесувате е разновидна, свежа, полна со витамини и минерали?
- Доколку имате некаква хронична болест, тогаш немојте никогаш да ја занемарувате.
- Престанете да пушите цигари.
- Насмевката го продолжува животот. Стресот негативно влијае на одбранбениот систем на организмот.
- Задржете ги добрите навики: мијте ги рацете, носете заштитна маска...