Дефект на радарот е причина за трагичниот пад на украинскиот авион во јануари во близина на Техеран, соопштиле денес иранските власти.
Во падот на "Боингот 737" на Украинската меѓународна авио-компанија на 8-ми јануари, загинале сите 176 патници и членови на екипажот.
"Дошло до дефект по човечка грешка во процесот по калибрацијата на радарскиот систем. Тоа е "грешка од 107 степени" во радарскиот систем, што оневозможува правилно дефинирање на патувањето на објектот на неговата траекторија", се наведува во официјалното соопштение, пренесува "AP".
Меѓу патниците во главно имало Иранци и Канаѓани.
Авионот паднал неколку часа пред иранските сили со балистички ракети да ја нападнат американската база во Ирак, иако нема докази дека овие два инциденти се поврзани.