Европа и САД ја осудија одлуката на Турција за пренамена на Света Софија во џамија

Макфакс

11/07/2020

13:14

775

Големина на фонт

а а а

Високи претставници од ЕУ и САД ја осудија одлуката на турските власти Света Софија повторно да стане џамија.

„Одлуката на турскиот Државен совет да поништи една од модерните одлуки на Турција и одлуката на претседателот Ердоган, споменикот да се даде под управа на Дирекцијата за верски прашања е за жалење“ изјави високиот претставник на Европската Унија за надворешни прашања, Жозеп Борел.

Портпаролката на американскиот Стејт департмент Морган Ортагус синоќа изјави дека САД се разочарани со одлуката.

„Укажуваме на преземената обврска на турската Влада дека ќе гарантира пристап до Аја Софија за сите посетители и со нетрпение очекуваме да ги видиме нејзините планови за управување со објектот“, истакна Ортагус.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган вчера потпиша декрет со кој Света Софија повторно ќе биде џамија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг