Новинари ќе го тужат бразилскиот претседател: Болсонаро ја симнал маската на прес-конференција иако е заразен со коронавирус

Точка

11/07/2020

12:48

941

Големина на фонт

а а а

Новинари во Бразил соопштиле дека ќе поднесат тужба до Врховниот суд на Бразил против претседателот на државата Жаир Болсонаро, бидејќи ја симнал заштитната маска во текот на прес-конференцијата и така ги изложил претставниците на медиумите на ризик од заболување од Ковид-19.

Од бразилското здружение на новинари објасниле дека Болсонаро не ги почитувал прописите за оддалеченост од новинарите и притоа ја симнал маската на прес-конференцијата во главниот град на Бразил. Најлошо од се, како што наведуваат, е дека тоа се случило во моментот кога Болсонаро известил дека е позитивен на коронавирус. 

Новинарите сега го обвинуваат претседателот за загрозување на животите на присутните на конференцијата.

"Државата не може да толерира неодговорно однесување кое претставува јасно злосторство против здравјето на луѓето", рекол претседателот на новинарското здружение, Паулоеронимо де Соуза, јавува "CNN".

Три ТВ станици биле присутни на пресот, "CNN Brasil", "TV Record" и "TV Brasil".

Новинарот на "CNN", Леандро Магалаеш ќе биде тестиран во среда идната недела, а додека не ги добие резултатите ќе работи од дома.

По прес-конференцијата во вторникот оваа седмица, конгресменот Марцело Фреиксо на Твитер напишал дека поднел тужба против Болсонаро при Федералното обвинителство. Како што наведува, претседателот ги прекршил членовите 131 и 132 од Кривичниот закон кога ја извадил маската во текот на конференцијата на која изјавил дека има коронавирус.




Спонзорирани линкови

Маркетинг