Урнебесно: Адвокатот на Трамп дошол на интервју - поради сцената која ја затекнал веднаш викнал полиција

Точка

10/07/2020

21:23

4.079

Големина на фонт

а а а

Поранешниот градоначалник на Њујорк и актуелниот адвокат на Доналд Трамп, Руди Џулијани, во вторникот дошол во хотел на Менхетен очекувајќи сериозно интервју за коронавирусот.

Меѓутоа, таму го дочекал актерот Саша Барон Коен, облечен во бикини.

Како што рекол Џулијани, се согласил на интервју за одговор на Белата куќа на пандемијата. Прво го дочекала жена која му поставила неколку прашања, а потоа сè тргнало наопаку.

„Тој човек се затрча, облечен во луд, би го нарекол розеникав, трансродов аутфит. Тоа беше розово бикини, со чипка, под него имаше проѕирен мрежест топ. Изгледаше апсурдно. Имаше брада, голи нозе и немаше нешто што би го опишал како привлечно“, рекол Џулијани.


Како што рекол, не сфатил веднаш дека тој човек кој 'вреска' е познат актер.

„Мислев дека е некоја измама, па повикав полиција. Човекот побегна“, раскажал тој.

Сведоците раскажале дека го виделе Коен како бега од хотелот во долна облека. Полицијата дошла, но не тргнала во потрага по актерот кој ширум светот се прославил со филмот „Borat“.

„Се чувствував добро бидејќи не ме измами“, се пофалил Џулијани, додавајќи дека е фан на „Borat“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг