Вакцината успеа?! Ова е човекот за кој тврдат дека е успешно вакциниран против коронавирус

Точка

10/07/2020

15:41

4.790

Големина на фонт

а а а

Дејвид Реш од Мериленд верува дека би можел да биде еден од првите луѓе кои се успешно вакцинирани против коронавирусот по учеството во истражувањето кое има ветувачки резултати во создавање на антитела, известуваат медиумите.

Апсолвентот по имунологија е првата личност која учествувала во истражувањето на Универзитетот во Мерлинд во мај, каде американскиот фармацевтски гигант "Pfizer" и германската компанијата "BioNtec" заедно работат на создавање на вакцина, пишува "Daily Mail". 

Претходните индикации покажуваат дека вакцината делува поттикнувајќи раст на антитела со голема брзина, наведува "TV WJLA".

Реш не може да биде сигурен дека е вбризгана вакцина или плацебо - физиолошки раствор, но по благата реакција по втората доза, тој е уверен дека е еден од ретките луѓе на светот кои се вакцинирани против Ковид-19, пренесува "Fox News".

Тој би требало да биде тестиран во октомври за да се утврди дали има имунитет на вирусот.

Ако тестот се покаже како успешен, "Pfizer" ќе произведе 100 милиони дози пред крајот на годината и повеќе од милијарди дози наредната година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг