Откриено што правеле Ибрахимовиќ и Дилета: Видеото од Инстаграм заврши на Твитер

Кармин

09/07/2020

19:50

5.818

Големина на фонт

а а а

Водителката Дилета Леота на социјалните мрежи сподели фотографија после тренинг со која ја разбуди машката фантазија и привлече големо внимание во јавноста.

Откако Златан Ибрахимовиќ ѝ искоментира под фотографијата, водителката, која ја сметаат за најубава во светот, открила како се познаваат.

„Што правиш на покривот, Дилета? Немој да забошотуваш“, ѝ искоментира славниот фудбалер под фотографијата.

„Само гледај“, му порачала таа, а потоа било откриено дека двојката снимала реклама за кафе.

Леота рекламата ја споделила на Инстаграм-стори, но многу брзо некој ја преземал и завршила на Твитер и на останатите социјални мрежи, каде многумина ја коментирале и реакцијата на фудбалерот на Милан.

Инаку, Леота станува сè попопуларна на социјалните мрежи. На Инстаграм ја следат 6,7 милиони корисници, а после интервјуто со Роналдо и рекламата со Ибрахимовиќ, таа бројка сигурно уште ќе расте.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk