''Војна'' во белиот спорт: „Твојот татко е глупав“ – „Ќе ми платиш за тоа“

Точка

09/07/2020

15:22

5.459

Големина на фонт

а а а

По Ник Кирјос и Борис Бекер, новата пресметка во тениските кругови следела помеѓу грчкиот тенисер Стефанос Циципас кој што му се обратил на францускиот колега Корентан Муте.

Контроверзниот Французин на егзибицискиот натпревар кој што се случил неодамна, го критикувал таткото на Стефанос, Апостолос, изјавувајќи дека Циципас е глупав.

„Таткото на Стефанос е глупав и тоа сите го знаат, ме нервира“ - изјавил тогаш Муте во текот на натпреварот.


Гркот не го изненадило однесувањето на контроверзниот колега:

„Тоа кај него не е ништо чудно. Го знам од осум години, отсекогаш беше таков. Еднаш во текот на финалето на Европското јуниорско првенство си замина од терен сред натпревар, наводно поради проблеми со судењето.

Неговото однесување сега не ме изненади. Сакам да кажам, тоа е UTS и тоа мора да го искористите. Тој може да прави што сака, но на крајот знам дека ќе плати поради тоа“ - истакнал Стефанос Циципас.




Спонзорирани линкови

Маркетинг