Реал Мадрид се премисли и го промени ставот за Јовиќ по последната глупост на Србинот

Дерби

09/07/2020

13:15

3.422

Големина на фонт

а а а

Лука Јовиќ пристигна во Реал Мадрид минатото лето како голема ѕвезда во Бундеслигата и еден од најголемите фудаблски таленти на стариот континент, но како што стојат работите една година подоцна, Србинот со своето индолентно однесување успеа да ја налути и управата на „кралскиот клуб“ која досега го толерираше.

Угледната „Марка“ информира дека последниот испад на младиот напаѓач ја прелило чашата кај одговорните луѓе на клубот, па така сега истите се премислиле кога е во прашање иднината на Јовиќ. Клубот му даде поддршка на Лука откако овој не го испочитува задолжителниот карантин во својата земја, но оттогаш, беше дел од две несериозни ситуации кои го тераа Реал да планира негова продажба.

Респектабилниот весник тврди дека Јовиќ ги загубил кредитите и кај тренерот Зинедин Зидан кој инсистираше на негов ангажман минатата година, па иако првично план беше да биде испратен на позајмица по крајот на сезоната, сега сериозно се размислува на продажба и ќе се чекаат формални понуди за трансфер.

Јовиќ има сезона за заборав во Реал на спортски план, но уште повеќе на личен, бидејќи со својот однос направи да биде топ тема во јавноста поради причини кои го нарушуваат угледот на клубот.

Откако му беше простен излетот во неговата родна земја, Јовиќ се врати повреден во Реал Мадрид по бизарен инцидент во својот дом, следеше прекршување на протоколот на Ла Лига во пресрет на рестартот на сезоната (групирање со повеќе лица), а во овој момент е во самоизолација и не смее да се појави во тренинг центарот на Реал откако на гости му дошол пријател од Белград кој е позитивен на коронавирус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг