Овните ги мачи главоболка, а Лавот и Водолијата треба да внимаваат на срцето – какви здравствени проблеми има секој хороскопски знак?

Кармин

09/07/2020

13:06

4.808

Големина на фонт

а а а

Владеењето на различните планети влијае на здравствената состојба на секој знак на Зодијакот. Па така, Ракот има проблеми со варењето, Водолијата со срцето, а Бикот со ушите.

Еве со какви здравствени проблеми се соочува секој хороскопски знак: 

Овенот го мачат главоболки

Овенот е склон кон размислување и претерано анализирање, па поради тоа најчесто го мачат болести поврзани со главата. Најчесто има проблем со силни главоболки, а грижите му предизвикуваат црвенило и осип на лицето.

Ушите се болна точка за Бикот

Со Бикот владее Венера која го контролира грлото и работата на вилицата и влијае на производството на инсулин. Припадниците на овој знак најчесто заболуваат од воспаленија на грлото, штитната жлезда и вкочанетост на вратот, а често заболуваат и од воспаленија и инфекции на ушите.


Близнаците имаат чувствителни дишни патишта

Со Близнаците владее Меркур кој го контролира системот за дишење и мускулите. Близнаците се секогаш во движење, па затоа се склони кон воспаление на мускулите и тетивите. Голем проблем им задаваат хроничните кашлици, честите настинки, бронхитисот и болките во рамената. Треба да избегнуваат пушење цигари и престој во зачадени простории кои можат дополнително да ја влошат нивната состојба.

Ракот има проблеми со дигестијата

Емотивниот Рак е доста чувствителен на своите и туѓите проблеми, па затоа е склон кон болки во желудникот и стомакот. Неговата тага и лутина се поврзува со нарушењето варење на храната во желудникот и зголеменото лачење на желудочна киселина.

Лавот мора да внимава на срцето и грбот

На самоуверениот Лав најголем стрес му задаваат проблемите со срцето и циркулацијата проследена со болки во грбот. Поради тоа припадниците на овој хороскопски знак треба да внимаваат на холестеролот, да избегнуваат масна храна и да го зајакнуваат грбот со кардио вежби.


Девицата ја мачат чиреви и алергии на храна

Исто како и кај Близнаците, Меркур владее и со Девицата. Тој го контролира системот за варење, па кај Девицата која истовремено решава повеќе работи, честа појава се чиревите на желудник, алергиите на храна, болките во стомакот и констипацијата.

Вагата има слаб мочен меур

Со Вагата владее Венера која влијае на работата на мочниот меур и бубрезите. Вагите се склони кон неумереност во јадењето и пиењето, па затоа ги мачи пречесто мокрење, бубрежни каменчиња и неправилна работа на бубрезите која може да предизвика анемија.

Шкорпијата се бори со инфекции и дијабетес

Негативните емоции и песимизмот кои се карактеристични за Шкорпиите можат значајно да влијаат на нивното здравје, особено на работата на либидото, работата на мочниот меур и бубрезите. Припадниците на овој знак често страдаат од инфекции и дијабетес, а жените Шкорпии имаат и болни менструални циклуси.

Стрелците имаат проблеми со црниот дроб и ‘рбетот

Јупитер кој доминира во знакот на Стрелец ги контролира колковите, бедрата, ‘рбетот и црниот дроб. Поради тоа овој хороскопски знак е склон кон широк спектар на болести, од реума, артритис па сè до проблеми со излачувањето. Поради чувствителниот црн дроб им се препорачува избегнување на алкохол.


Јарецот би требало да внимава на коските

Упорниот Јарец има проблеми со слабите коски, болките во колената, забите и зглобовите. Припадниците на овој знак најчесто се склони кон артритис и остеопороза, а повредите се нивно секојдневие.

Водолијата има проблеми со срцето и лимфните чворови

Брзите Водолии никогаш немаат време за опуштање што негативно влијае на нивното здравје. Припадниците на овој знак се склони кон артритис, имаат проблеми со срцето и отечените лимфни чворови, проширените вени, а се борат со астма и алергии.

Рибите имаат слаб имунитет и болки во нозете

Кога чувствителните Риби им се препуштаат на емоциите, најчесто страда нивниот имунитет. Колку полошо се чувствуваат, толку повеќе имунитетот им опаѓа, па најчесто се жртви на болки во нозете и инфекции во областа на очите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk