Катерина Розмајзл од Чешка е поранешна мисица, а сега е инфлуенсерка.
На многумина поради нејзината неверојатна убавина им 'паднала во око'.
На Инстаграм се појавила во 2015-та година, а сега ја следат 800.000 корисници. Има 22-години, а била втора придружничка на американскиот „Miss Georgia Teen“, во 2016-та година.
Многумина се сомневале дека нејзиниот изглед не е дело на природата, но за тоа дека убавината ѝ е во гените сведочат фотографиите на нејзината мајка, но и на сестрите. Катерина има пет помлади сестри - Алекса, Маријана, Викторија и близначките Ела и Ема.
Отворила своја козметичка линија и студира право. Во врска е со Царек Зворковски.