Нека се подготват: На овие три хороскопски знаци ова ќе им биде најтешката недела во животот

Кармин

07/07/2020

21:13

8.450

Големина на фонт

а а а

Ретрограден Меркур кој траеше со денови, нѝ сервираше само непријатности.

Затоа, не треба да се чудите зошто неделата која започна на 6-ти јули ќе биде најтешка за следните хороскопски знаци.

Сепак, запамтете дека ова е само период кој ќе помине.

Овен

Се чувствувате поранливо од било кога и во тоа нема ништо лошо. Се присетувате што е тоа што ве прави ранливи и се потсетувате дека постојат уште многу рани кои треба да ги излечите. Процесот на лекување нема да се случи така што сами ќе се притискате или ако се преправате дека сè е во ред. Ова нека биде ваша шанса за конечно да се излечите. Тоа е процес кој нема да се случи преку ноќ.


Лав

Моментално чувствувате баш сè. Всушност, се чувствувате поповрзани со вашиот замислен свет. Затоа имате проблем да се социјализирате, да се задржите на мали разговори и се однесувате како сè да е во најдобар ред. Сега се чувствувате како да е најдобро да ги откажете сите ваши планови и максимално да се изолирате. Правете сè што ви порачува вашата интуиција, бидејќи сега мора да ѝ посветите време на вашата духовна страна.


Стрелец

Знаеме дека напуштањето на нешто што многу ви значи не е шега. Знаеме дека мислите дека е доволно да кажете 'збогум' и да продолжите понатаму без да се завртите назад. Сепак, ова сценарио е нереално дури и за оптимистичниот и независен Стрелец, бидејќи таквите работи не се едноставни. Овој пат ќе бидете повлечени во минатото и поради тоа немојте да се казнувате. И вие сте човек. Заминувањето е процес кој сега го учите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk