„Соросоид, сатанист, лаже за своето потекло“: Политичар изнел бизарни тврдења за пејачката

Точка

07/07/2020

17:28

6.296

Големина на фонт

а а а

Теории на заговор со години ја следат поп ѕвездата - од тоа дека извршиле самоубиство, па компаниите ги замениле со клонови за да заработуваат од нивната работа, до поврзаност со сатанистички и масонски кругови. Меѓутоа, ретко се случува политичар да изнесува вакви тврдења.

Изминатиот викенд, кандидатот за Конгрес, КВ Милер, преку Твитер изнел бизарни тврдења меѓу кои е и она дека Бијонсе е Италијанка, бидејќи, како што вели, 'се обидува да ги намали расните разлики'.

„Бијонсе не е дури ниту Афроамериканка. Го лажира ова поради поголема популарност. Нејзиното вистинско име е Ан Мари Ластраси“, наведува Милер.

Исто така изнел тврдења дека пејачката е дел од програмата на Сорос за движењето „Black Live Matter“. Дури споменува дека некои текстови од нејзиниот хит филм „Formation“ од 2016-та година содржат сатанистички стихови и претставуваат тајна шифрирана порака од глобалистите.

##https://twitter.com/KwCongressional/status/1279758551167250432?s=20##

„Јасно призна дека песната е демонска и дека е обожувана во сатанистичките цркви во Алабама и Луизијана“, наведува Милер.

Милер исто така наведува дека Бијонсе не била бремена со првото дете, што е повикување на теориите на заговор од 2016-та или 2017-та година, во кои се тврди дека Блу Ајви всушност е дете на сестрата на Бијонсе, Соланж, и дека поради угледот на сестрата во тоа семејство, одлучено е Бијонсе детето на нејзината сестра да ги претстави како свое и да лажира бременост.

Некои велат дека профилот на кандидатот бил хакиран, а Бијонсе не одговорила на изнесените тврдења.




Спонзорирани линкови

Маркетинг