Пејачката Викторија Лоба неодамна стана заштитно лице на нов бренд за костими за капење. По тој повод убавицата сликаше фотосесија во Охрид, а на снимањето на самиот едиторијал за 'влакно' избегна несреќа.
Имено, една од конструкциите за малку ќе паднеше врз неа, а Лоба како вистински професионалец наместо да избега, се сврте и ја задржа истата.
Овој момент го 'фати' една од камерите, па видеото виртуелно се прошири на социјалните мрежи и собра многу коментари.
Видеото погледнете го ТУКА.
Инаку, линијата за костими за капење е на брендот „HerLine“, а на фотографиите кои Лоба ги објави на Инстаграм каде позира може да се види нејзината идеална форма и совршена фигура.
Интересно е и тоа што костимите носат имиња на острови, па така Лоба на себе ги носи Миконос, Барбадос, Сејшели...