Сте живееле во заблуда – овие три пози во сексот мажите воопшто не ги сакаат

Кармин

07/07/2020

14:54

5.040

Големина на фонт

а а а

Мажите секако дека уживаат во секоја положба, но доколку сексот може да помине без овие три пози, тогаш момците нема да имаат ништо против.

Ова се трите секс пози кои што не им се омилени на мажите:

1. Секс во када

Поголемиот дел од мажите сметаат дека тоа е непријатно. За почеток, тесно е, тврдо, лизгаво, но не таму каде што треба затоа што водата не е добар лубрикант.

Туш кабина? Речиси исто, освен што може да излетате преку стаклото.


2. Секс во стоечка позиција

Оваа поза најмногу ја обожуваат љубителите на филмови. Кога во филмот се прикажува некоја најстрастна секс сцена, оваа поза е навистина возбудлива, но таа од мажите бара исклучителна физичка подготвеност.

3. Лажица

Можеби на жените тоа тешко им е да го поверуваат, затоа што ова нив им е една од најдрагите секс пози поради нежноста која што ја носи со себе.

Меѓутоа, мажите се помалку сентиментални кон неа и баш не ја сакаат сите. Објаснувањето е едноставно. Знаеме дека мажите се визуелни типови и дека уживаат во погледот кон својата партнерка (а и на своите перформанси), а во оваа поза видикот малку не е совршен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk