Секс скандал, проблеми со законот и фантастична спортска кариера – и во пензија може да се пофали со своето совршено торзо

Кармин

07/07/2020

09:06

4.215

Големина на фонт

а а а

Мајкл Фелпс се ''смирил'' во 2016-та година кога се венчал со манекенката Никол Џонсон со која што има тројца синови.

Поранешниот олимписки победник Мајкл Фелпс (35) не се запоставил откако ја напуштил пливачката кариера.

Мајкл го покажал совршеното торзо додека бил на летување со својата сопруга. Со нив биле и синовите, Бумер, Бекет и деветмесечниот Маверик.


Фелпс оствари неверојатна пливачка кариера во текот на која што стана најуспешниот олимпиец на сите времиња со 28 медали.

Неговите спортски успеси делумно ги засенија скандалите. Во 2009-та година светот го обиколи неговата фотографија како користи забранети супстанци, а американскиот сојуз го суспендирал на три месеци поради користење дрога.


Мајкл подоцна раскажал и одговорил дека неговото однесување било непримерно.

Потоа пливачот се нашол во средиштето на вниманието поради секс скандал со стриптизерката Тереза Вајт која што проговорела за многу работи јавно.

Но, сега поранешниот пливач е во среќен брак со својата сопруга и заедно ги одгледуваат своите три прекрасни деца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk