Солскјер „уловен“ како договара трансфер: Ни треба стопер, продолжи така …

Дерби

06/07/2020

13:01

3.414

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед пред два дена славеше убедлива победа против тимот на Борнмут со 5:2 и со тоа го продолжи чекорот за пласман во топ 4 на првенствената табела.

По овој натпревар, Оле Гунар Солскјер беше видно задоволен и слезе на теренот да се поздрави со своите играчи, но и со противничките фудбалери меѓу кои имаше и еден на кој Солскјер му пристапи директно.

Имено, Норвежанецот кога се поздравуваше со Натан Аке му упати зборови кои фановите ги протолкуваа на два различни начини.

Според едните, Солскјер му вели на Аке дека на дефанзивците на Борнмут им треба малку повеќе среќа.

– Вас дефанзивците ви треба малку повеќе среќа. Само продолжи така, -веројатно му кажа Солскјер на Аке.

Меѓутоа, дел од оние кои добро го слушаат разговорот сметаат дека Норвежанецот на Аке му упатил директна порака дека би можел да го донесе на „Олд Трафорд“.

– Ни треба стопер на левата страна. Продолжи така, – му рекол Солскјер на Аке според дел од фановите на социјалните мрежи.

##https://twitter.com/utdcover/status/1279908583421947909?s=20##



Спонзорирани линкови

Маркетинг