''Ѕирнете'' во куќата од анимираниот филм „101 далматинец“ која по 37 години првпат се најде на пазарот...

Кармин

06/07/2020

13:15

3.480

Големина на фонт

а а а

Куќата во Лондон која што ѝ припаѓа на авторката на анимираниот филм „101 далматинец“, Доди Смит, а која што подоцна беше анимирана и во филмот на Дизни од 1961-та година, првпат се најде на пазарот по повеќе од 37 години.

Сместена во Primrose Hill на лондонското брдо, куќата од четири катови се простира на површина од 4.876 метри квадратни и моментално чини 11 милиони долари, се наведува во соопштението за јавноста.


Изградена е во 1847-та година, а поседува осум спални соби, четири тоалети, надворешна и предна градина, пренесува „People“.

Во приземјето се наоѓа и дневна соба, гардероба и кујна. На првиот кат се наоѓа главна сала за прием на гости која што е поврзана со трпезарија и кујна од отворен тип, додека пак на вториот кат е сместена спалната соба.


Горниот кат поседува уште две спални соби и тераса со прекрасен поглед.

Смит живеела таму со своите девет далматинци и често ги носела своите кучиња на прошетка по брдото.


Идејата за својата приказна ја добила една вечер додека вечерала со кучињата од своите пријатели.

Подоцна Дизни ја искористил книгата како инспирација за истоимениот анимиран филм кој на сите многу добро ни е познат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk