Доколку не сакате да одите во продавница и да купите една од вашите омилени работи во жешките летни денови - сладолед, тогаш направете си сами.
- стапчиња за сладолед;
- 500 милилитри млеко;
- 2 лажици шеќер;
- 60 грама пченкарен скроб;
- 1 лажица екстракт од ванила;
- 100 грама бело чоколадо;
- 100 грама грчки јогурт.
- 300 грама темно чоколадо (може и млечно)
- сецкани бадеми
Во тенџере ставете млеко, пченкарен скроб, ванила, шеќер и помешајте. Варете додека смесата не се згусне, а потоа додадете го белото чоколадо.
Помешајте и додадете го грчкиот јогурт. Повторно сè убаво измешајте и ставете го во тетрапак од млеко кој што претходно малку сте го загреале и сте го исекле неговиот врв.
Со скалпер или пак нож едната страна од тетрапакот исечете ја и ставете ги стапчињата. Покријте со фолија и ставете го во замрзнувач во текот на целата вечер.
Стопете го чоколадото и додадете ги исечканите бадеми. Оставете малку да се излади.
Со нож исечете го тетрапакот помеѓу стапчињата и откстранете го вишокот така што ќе добиете сладолед на стапче. Потоа ставете ги сладоледите во чоколадниот прелив, па повторно во замрзнувач околу половина час.