4-ти јули во сенка на коронавирусот: Познатата калифорниска плажа „морничаво“ празна

Точка

05/07/2020

13:04

3.176

Големина на фонт

а а а

Американците вчера го празнуваа Денот на независноста, но за разлика од минатите години, големиот празник остана во сенка на пандемијата на коронавирусот.

Познатата калифорниска плажа Хантингтон која пред само три седмици беше преполна, овојпат остана „морничаво“ празна, пренесува „СиЕнЕн“.

Традиционално плажата Хантингтон е преполна на 4-ти јули каде што Американците се собираат да го прослават Денот на независноста, но оваа година плажите на подрачјето на Лос Анџелес се затворени затоа што сојузната држава бележи раст на новозаразени со коронавирус.

„СиЕнЕн“ констатираше дека споредбата е „морничава“ кога ќе се погледнат фотографиите од пред неколку седмици кога плажите во цела Калифорнија беа преполни.

Хантингтон исто така ја откажа и традиционалната парада по повод 4-ти јули и наместо тоа, два мали каравани со возила „свртија“ низ градските улици во чест на Денот на независноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг