Гвардиола со коментар кој дополнително ќе ја вжешти трката за Лигата на шампионите: Сигурен сум…

Дерби

05/07/2020

12:46

2.969

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити доби жестока санкција од УЕФА која му забрани на англискиот клуб да се натпреварува во Лигата на шампионите во следните две сезони.

Нормално, од Сити упатија жалба до Спортскиот арбитражен суд кој ќе треба да пресече на 13 јули кога ќе донесе конечна одлука дали „граѓаните“ ќе имаат право да играат во Европа.

На ваквите вести се надеваат и клубовите од Преимер лигата кои се борат за пласман во најелитното европско натпреварување.

Доколку Сити заработи казна, тогаш и петтопласираната екипа ќе учествува во Лигата на шампионите, а доколку тоа не биде така пласман во елитното натпреварување ќе има за првите четири екипи на табелата.

Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола истакна дека е сигурен дека неговиот клуб и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

– Подготвени сме на се, но јас цврсто верувам и мислам дека ќе имаме право да играме во Лигата на шампионите. Сакаме да бидеме на теренот следните две сезони.

– На 13 јули ќе ја дознаеме конечната одлука и се надевам дека сите кои добиваат плата за работата која ја работат во клубот ќе може да продолжат да се развиваат и со тоа клубот да продолжи да напредува, -изјави Гвардиола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг