Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Макфакс

05/07/2020

13:20

2.521

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна возраст, поради компликации поврзани со Ковид-19, починал докторот Арификмет Деари, уролог од Тетово.

Деари бил хоспитализиран поради невролошки проблеми, но бил позитивен и на коронавирусот. По 15 дена болничко лекување, ја загубил битката со болеста.

„Во ГОБ ,,8 Септември", на 64 годишна возраст, почина д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово. Д-р. Деари беше хоспитализиран заради невролошки проблеми, но и позитивен на ковид-19. По 15 дена болничко лекување ја загуби битката со болеста.

Д-р Деари кој беше само на неколку месеци до пензионирањето, е првиот лекар кој почина од компликации на корона вирусот. Изразувам жалење и длабоко сочуство до неговото семејство.

Апелирам до моите колеги здравствените работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоклите, но и надвор од него. Апелирам и до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани.“, напиша министерот за здравство, Венко Филипче.



Спонзорирани линкови

Маркетинг