Светот се исплашил поради новиот вирус "G4", а сега се огласиле Кинезите: Еве дали е опасен

Точка

04/07/2020

20:54

6.740

Големина на фонт

а а а

Тим од кинески научници објавиле интересна студија во американскиот престижен магазин Proceedings of the National Academy of Science (PNAS) и предупредуваат дека новиот свински грип (G4) би можел да предизвика нова пандемија.

Кинеското министерство за земјоделие соопштило денес дека овој вид на свински грип познат како “G4", не е нова и не доведува до лесно заразување и заболувања на луѓе или животни со што ги негира наодите во една од неодамна објавени студии, пренесува NDTV.

Студија на група кинески научници објавена е оваа недела во САД, во неа се предупредува на тоа дека наводно новиот вид вирус на свински груп станал заразен по луѓето со што има потенцијал да предизвика нова пандемија.

Меѓутоа, кинеското министерство истакнало дека истражувањето во медиумите е интерпретирано на претеран и нефактички начин.


Според заклучоците на министерството, донесени после еден стручен семинар за влијание на врстата “G4", на свињогојство и јавно здравје, примерот на кој студијата се базира е премал за да биде репрезентативен, а во неа не се дадени ни соодветни докази дека таа врста на вирус станала доминантна кај свињите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг