Нивниот однос интригира многумина: Вака Доналд и Меланија Трамп се однесуваат еден кон друг кога мислат дека никој не ги гледа...

Кармин

03/07/2020

15:30

5.292

Големина на фонт

а а а

Од ладни погледи до одбивање да се држат за рака - откако постојано се пред очите на јавноста, од семејството Трамп досега сме виделе различни ситуации, што покренало многу шпекулации.

Во јавноста врежано е мислењето дека Меланија Трамп не е среќна покрај својот сопруг и дека нивниот живот во Белата куќа тоа му го обелодени на целиот свет.

На инаугурацијата на Трамп, Меланија беше забележана како прави ''кисел'' израз на своето лице откако сопругот ѝ се обрати, беше забележана како одбива да му подаде рака, неодамна ја тераше да се насмее пред новинарите, а тука се и трачевите за неговите неверства.


Како што објаснува фризерот на Меланија, тој е убеден дека помеѓу американскиот претседател и првата дама и тоа како има љубов.

„Глупост е тоа што зборуваат за првата дама и претседателот. Ги видов одблизу и тие толку се прекрасни еден кон друг, толку блиски“ - истакнал Лино Карбосиеро.


Тој исто така напоменал дека семејството Трамп е далеку од вообразено, како што медиумите понекогаш знаат да ги претстават во јавноста.

Овој фризер соработувал со многу ѕвезди, меѓу кои и Мадона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk