Точка ТВ: Пар освоил 25 милиони долари на лотарија, а потоа бил откриен начинот на кој го мамел системот цели 9 години

Точка

03/07/2020

14:18

5.354

Големина на фонт

а а а

Џери и Марџ Селби од Мичиген биле обичен брачен пар со обични планови. Задоволни од својот долгогодишен семеен бизнис, кога се заситиле од него решиле да го затворат и да се пензионираат на 63 години.

Нивниот план за пензионерските денови бил да се опуштат и едноставно да уживаат во староста и не ни претпоставувале колку ќе им се променат животите. 

Еден ден, Џери во продавница забележал нова лото игра наречена “Winfall”, а му биле потребни само неколку минути да сфати како да освои награда.

За разлика од лотариските игри во кои џекпотот расте сè додека некој не ги погоди сите 6 добитни броеви и освои огромна награда, во играта која Џери ја открил, кога џекпотот ќе го достигне максимумот и кога никој ги нема сите 6 добитни броеви, луѓето со тикети кои имале 5, 4 или 3 добитни броеви можеле да ги уновчат. Со тоа шансите за заработка биле големи бидејќи добивката се намалувала секој пат кога џекпотот ја достигнувал максималната вредност.

Џери купил тикети во вредност од 3600 долари и освоил 6300 долари, а потоа вложил 8000 долари и освоил речиси двојно повеќе. Со текот на времето, парот Селби започнал да добива толку многу пари што основал компанија и ги повикал своите пријатели и роднини да им се приклучат во бизнисот.

Групата се проширила на 25 членови кога играта била укината во Мичиген поради наводно намалениот интерес.


Тогаш парот Селби развил нова рутина – Џери и Марџ во период од 6 години патувале до Масачусетс секогаш кога забележувале дека наградата опаѓа. Тие купувале по неколку стотина илјади тикети од две продавници, а потоа изнајмувале хотелска соба и по 10 часа дневно ги сортирале купените тикети.

На нивната измама ѝ дошол крајот кога во 2011 година “The Boston Globe” добил дојава за продажба на огромен број тикети на одредени локации во Масачусетс. Набрзо бил откриен системот по кој работеле парот Селби и нивната група.

Сепак, било утврдено дека не правеле ништо нелегално, а интересно е што дури и државата профитирала од ваквата измама. Играјќи повеќе од 9 години, пензионерите Џери и Марџ освоиле над 25 милиони долари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk