Водечкиот германски виролог: „Коронавирусот нема да исчезне, два фактори допринесуваат да се заразите“

Точка

03/07/2020

22:39

12.878

Големина на фонт

а а а

Штрик изјавил дека постојат два фактори кои што се карактеристични за респираторните вируси или пак за коронавирусот, кои што допринесуваат во инфекцијата - близината и времето.

Еден од водечките германски виролози и директор на Институтот за вирологија и истражување на ХИВ при Универзитетот во Бон, професор Хендрик Штрик, денес изјавил дека не очекува дека коронавирусот ќе исчезне, туку дека и ќе стане нов вид на постојано присутен вирус.

„Моментално во светот постојат четири ендемски коронавируси од кои човекот се заразува, и мислам дека SARS-CoV2 се развива во таков вирус“ - изјавил тој.

Штрик навел дека вирусот не може да се уништи додека не се пронајде вакцина.

„До денес не сме ја пронашле вакцината против патогените човечки вируси корона, така што мора да се интегрира SARS-CoV2 во нашиот секојдневен живот“ - истакнал тој во интервју за „Спутник“.


Зборувајќи за главните фактори на заразата, Штрик изјавил дека постојат два фактори кои што се карактеристични за респираторните или пак корона вирусите кои што водат до инфекција - близина и време.

„Доколку се наоѓате покрај заразена личност и поминувате со неа многу време, најверојатно е да ја добиете инфекцијата“ - нагласил Штрик и додал дека ризикот од инфекција дополнително се зголемува во затворените простории, затоа што отсуството на ветер и сонце значи дека капките од вирусот можат полесно да опстанат во воздухот.

Тој навел дека маските се ефикасни затоа што можат да го намалат ризикот од инфекција SARS-CoV2, како што покажало едно истражување.

„Но, доколку маската се користи неправилно, доколку ја носите неколку недели, доколку не се пере, непрекинато се допира, тогаш таквата маска е погодна за бактерии и вируси“ - изјавил Штрик и предупредил дека тоа може да предизвика и други болести.




Спонзорирани линкови

Маркетинг