Меган Маркл бесна: Кралското семејство не ме заштити од медиумите

Кармин

02/07/2020

18:00

3.019

Големина на фонт

а а а

Сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл, смета дека во периодот кога била бремена, од кралското семејство не добила заштита од лажните натписи на медиумите, а тоа, како што тврди, ѝ предизвикало емоционални и психички потешкотии.

Овие тврдења се изнесени во новите документи кои нејзиниот правен тим ги поднел до надлежниот суд во парницата која ја води против магазинот „Mail on Sunday“, и компанијата во чија сопственост е магазинот, пренесува „Sky News“.

37-годишната војвотка од Сасекс истакнала дека институцијата на британското кралство не ѝ пружила заштита, поради што станала 'предмет на голем број лажни и штетни статии' објавени во печатените медиуми за време на нејзината бременост, а тоа, како што се наведува, кај неа предизвикало огромни емоционални проблеми и го нарушило нејзиното психичко здравје.


Меган против магазинот и компанијата поднела тужба поради статија во која се објавени делови од рачно напишани пораки кои таа во 2018-та година ги упатила кон својот татко Томас, со кој не е во добри односи.

Според тврдењата на адвокатите на војвотката, со објавување на статијата е нарушена нејзината приватност.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk