Бронзениот диск го откриле ловците на богатство на германското брдо Mitteelberg, недалеку од градот Небра. Се обиделе да го продадат, но ги спречила полицијата...
Кога во 1999-та година во Небра, кој што се наоѓа на околу половина час возење од Лајпциг, пронајден е необичен бронзен диск.
Вниманието било насочено на него поради тоа што имало сомневање дека тоа е ''сложен астрономски часовник'' стар околу 3.600 години и е автентичен.
Откриен е со детектор на метал, а плочата е покриена со сина и зелена боја и е тешка околу 2 килограми.
На неа има и златни детали кои што го прикажуваат сонцето, месечината и ѕвездите.
Необичниот предмет за кој се смета дека е фалсификат, денес се смета за најстариот познат приказ на вселената и еден од највредните археолошки пронајдоци на 20-от век.
Во текот на ископувањата дискот бил малку оштетен, па големо парче од него било скршено.
Бидејќи таквите предмети не можат легално да се продадат во Германија, полицијата го запленила дискот и вратен е на сопствениците - сојузната земја Саксонија - Анхалт.