Лененото семе е многу здраво и е една од состојките која што секогаш треба да ја имате на вашето мени. Многу е богато со витамини, минерали како железо, калциум, фосфор и натриум, растителни влакна и омега три масни киселини.
Го чисти организмот од токсини, го нормализира метаболизмот, го регулира апетитот и го намалува нивото на шеќер во крвта.
Помага во одржување на посакуваната телесна тежина и одлично делува на вашата кожа.
Лененото семе апсорбира состојки од храната, го чисти организмот и истовремено го снабдува со лецитин кој што го стимулира метаболирањето на масти.
Направете чај од ленени семки за слабеење.
- 1-2 лажици ситно ленено семе и
- 250 милилитри вода.
Во шолја ладна вода ставете ленено семе и истото нека отстои неколку часа со повремено мешање.
Потоа варете ја смесата 5 минути, а потоа исцедете го.
Доколку сакате да го подобрите вкусот, може да додадете половина лажица камилица или пак дуња.
Најдобро е да пиете 2-3 шолји дневно, наутро на празен желудник.