90-тите години беа деценија во која технологијата доживеа огромен напредок и во која беа снимени многу филмови кои и денес се омилени како “Forrest Gump”, “Titanic”, “The Lion King”…
Веројатно најпопуларниот божиќен филм – “Home Alone” исто така припаѓа на ова време.
Во 90-тите на модните писти шетаа супермодели како Клаудија Шифер, Синди Крафорд, Наоми Кембел, Хајди Клум...
Синди Крафорд се појавуваше на сите насловни страници на тогаш популарните списанија, во реклами и го одземаше здивот со секое појавување на црвениот тепих. Денес, таа светот на манекенството ѝ го препуштила на својата ќерка Каја Гербер, меѓутоа секое нејзино повремено враќање на пистата привлекува големо внимание во јавноста.
Синди е само една од многуте славни убавици кои ги одбележаа 90-тите години на минатиот век, а во продолжение издвојуваме дел од нив: