Карло Кани уште од далечната 1980-та година, па сè до моментот кога ги стекнал сите потребни услови за пензионирање, наводно бил болен.
За него и денес се зборува, особено на социјалните мрежи, а сите се сетиле дека човекот отишол на боледување и никогаш не се вратил.
Кани поради клаустрофобија отишол на боледување на кое останал цели 35 години. Всушност, никогаш не се ни вратил на работа, од боледување - во 2006-та година директно се пензионирал. За работата да биде уште по бизарна, Карло во рудникот работел едвај неколку денови пред да отиде кај доктор и да се пожали дека му е тешко на работа.
„Рударството никогаш не ми се допаѓаше. Признавам, дојдов до пензија не работејќи никогаш ништо. Секогаш правев сè што можев само за да не одам во јамата. Во тоа многу ми помогнаа овие наши доктори“, изјавил Карло.
Тој цели 35 години на разни начини се извлекувал за да го продолжи боледувањето. Отишол на боледување поради клаустрофобија, па го продолжил поради хемороиди, следеле проблеми поради амнезија и така со ред, а кога ќе му недостасувала болест, втријувал прашина во очите за да изгледа болно.