Електричниот адут на Porsche покажа за што е подготвен, барем кога станува збор за забрзувањето и максималната брзина.
Откако беше претставен, првиот електричен автомобил на познатата германска компанија привлече големо внимание на јавноста затоа што е замислен како првиот сериозен ривал на автомобилите на Tesla.
Конкретниот модел од видеото располага со 761 коњски сили и 1050 Nm максимален обртен момент. Официјално, од 0 до 100 километри на час забрзува за 2,8 секунди, додека максималната брзина изнесува 260 километри на час.
Тестот на забрзување и возењето до максималната брзина овојпат е изведен на германски автопат кој нема ограничување на брзината во режија на AutoTopNL. Уживајте.