Екстремно модифицираниот примерок на некогашното "дете" на Застава ни доаѓа од САД.
Иако не постигнало голем успех додека во 80-тите години се продавало во САД, децении подоцна Југо "преку барата" станало некој вид на автомобилска икона. Овој автомобил гостувал во многу холивудски остварувања, а бил и тема на разни изложби и уметнички инсталации.
Иако и ден денес Американците го доживуваат како еден од најлошите автомобили во историјата, некои во него виделе потенцијал за доработка - и тоа каква.
Најекстремниот пример е едно Југо кое во САД е изменето до непрепознатливост.
Има дури два V8 мотори од Кадилак - еден напред и еден позади, со вкупна сила од 1.000 коњски сили и погон на сите четири тркала.
Инаку, сопственикот предупредува дека овие два мотори делат еден систем за ладење, па неопходно е да се внимава.
Затоа е подобро во секојдневното возење да се користи задниот V8, а кога треба да се покаже пред публика се буди ѕверот под предната хауба.
Интересно е дека ова Југо во моментов е понудено на продажба, а сопственикот за него бара 25.000 долари.
Со оглед на тоа што го нуди и фактот дека станува збор за единствен автомобил, цената и не е толку висока.