„Зад линијата“ се најдоа две навистина моќни возила, но од различни категории. Ауди караван против Ламборџини џип. Што мислите, кој ќе ја однесе победата?
Доколку еден џип на Ламборџини и караван на Ауди имаат горе-долу ист агрегат, дали тоа значи дека се валидни кандидати за двобој? Секако, тоа не можевме да го знаеме се додека екипата на "Archie Hamilton Racing" не организираше трка помеѓу двете возила.
И двата автомобили имаат 4,0-литарски V8 мотор со тоа што џипот на Ламборџини располага со 650 коњски сили и 850 Nm максимален обртен момент, а караванот на Ауди располага со 600 коњски сили и 800 Nm максимален обртен момент.
Кој е побрз во „летечки“, а кој во класичен старт?