Кина ѝ донира на Македонија 2.000 заштитни маски

Макфакс

04/06/2020

13:06

1.094

Големина на фонт

а а а

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска прими донација од Кина наменета за превенција од Ковид 19 и која се состои од 2.000 трислојни заштитни маски.

„Како што е познато, Народна Република Кина веќе испорача поголема количина на заштитна опрема и други медицински материјали против Ковид 19, а за истатата намена од фондот на Амбасадата на Народна Република Кина беше издвоена и директна финансиска помош за Министерството за здравство на Република Северна Македонија“, соопштија од МНР.

Жерновски на средбата со кинескиот амбасадор, Џанг Ѕуо, кој ја предаде донацијата, размениле мислења за актуелните состојби во двете земји и во поширок контекст во однос на пандемијата и високо ја оценија досегашната меѓусебна соработка на овој план. Договорено е продолжување на контактите и на активностите на билатерелна основа, а потенцирана е и неопходноста од засилување на меѓународната соработка и солидарноста во насока на целосно сузбивање на оваа закана со која се соочува светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг