Поради полицискиот час се поместуваат термините за аплицирање за лични документи

Макфакс

04/06/2020

13:05

948

Големина на фонт

а а а

Граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи во деновите кога во дел од општините на сила ќе биде целодневен полициски час, ќе добијат нови термини во кои ќе можат да го сторат тоа.

Од МВР информираат дека оние кои имале закажано за 5 јуни, тоа ќе можат да ги реализираат во текот на целата наредна недела, односно од 8 до 12 јуни во истата подрачна единицa, односно дисперзирана канцеларија и во истата базна станица во која е закажан терминот.

Закажаните термини за деновите 6 и 7 јуни за аплицирање за лични документи во Одделението за управни работи Скопје, ќе се реализираат на 13 и 14 јуни, а терминот и базната станица остануваат исти.

Од МВР велат дека ваквата одлука е согласно одлуката на Владата за забрана за движење на граѓаните од одредени општини во периодот од 4 јуни од 21 часот заклучно со 8 јуни до 5 часот наутро, како и прогласувањето на утрешниот ден за неработен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг