Меј го нападна Џонсон дека ја затвора Велика Британија од остатокот на светот

Макфакс

04/06/2020

12:29

793

Големина на фонт

а а а

Поранешната британска премиерка Тереза ​​Меј го нападна нејзиниот наследник Борис Џонсон поради планот за забрана за патување, проценувајќи дека тоа ќе ја затвори Велика Британија од остатокот на светот.

Таа за време на дебатата во парламентот рече дека без меѓународни патувања нема светска Велика Британија, пренесува „Тајмс“.

Меј ја поддржаа двајца членови на конзервативците, истакнувајќи дека таквата мерка ќе биде непропорционална и ќе предизвика економска штета.

Во исто време, таа предупреди и на безбедносните импликации ако се случи конечен брегзит без договор, што ќе доведе до губење на соработката во однос на размена на податоци и разузнувачки податоци со Европа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг