Алсат-М: Македонија со нов рекорд на заразени со Ковид 19, денеска 120 новозаболени

Нетпрес

04/06/2020

11:42

4.120

Големина на фонт

а а а

Во последново деноноќие, според извори на Алсат, регистрирани се 120 новозаболени од Ковид-19.

Ако бројката биде и официјално потврдена ова ќе биде најголем пик од почетокот на епидемијата во нашата земја.

Досега највисокиот пик изнесуваше 107 заболени лица, регистрирани за 24 часа, пренесува Алсат.

Инаку, во текот на изминатото деноноќие на 435 лица им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација.

Исто така, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 641 прекршоци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг