Паника во британскиот парламент: Пратеник се потеше и му се слоши, цела сала итно дезинфицирана

Точка

04/06/2020

11:37

1.923

Големина на фонт

а а а

Британскиот пратеник Алок Шарма тестиран е на коронавирусот и се наоѓа во самоизолација откако му се слоши за време на обраќањето во парламентот.

Шарма се препотуваше додека учествуваше во дебатата и неколку пати го бришеше своето чело со марамче. Просторот во салата итно бил дезинфициран, пренесуваат британските медиуми.

Инаку, пратеникот со уште неколкумина други присуствувал на состанок во кабинетот на Даунинг стрит.

Иако бројот на пратеници на кои им е дозволен влезот во Парламентот и натаму е ограничен, многумина не се задоволни од тоа што треба да се вратат во Вестминстер и тврдат дека тоа претставува ризик за нив и нивните гласачи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг