Синот на убиениот Флојд одржал говор на местото на злосторот: „Барам правда за тоа што се случи тука...“

Кармин

04/06/2020

08:39

1.802

Големина на фонт

а а а

Квинси Мејсон Флојд, синот на убиениот Џорџ Флојд, им се заблагодарил на новинарите и демонстрантите и изјавил дека излегол на местото на злосторството каде што беше убиен неговиот татко за да се обиде да дојде до правда.

Синот на убиениот Афроамериканец изјавил:

„Ниту еден маж, ниту една жена не треба да останат без својот татко. Затоа барам правда за она што се случи тука“ - изјавил Квинси Флојд.

Замолен да прокоментира за глобалните протести како знак на поддршка во борбата против полициската бруталност и расизмот, Мејсон Флојд изјавил:

„Благодарен сум им на сите кои што искажуваат поддршка и љубов. Благодарен сум што го поддржувате моето семејство“.

Шестгодишната ќерка на Афроамериканецот се уште не знае дека нејзиниот татко го убил полицијата.

Девојчето Џиана и нејзината мајка Рокси Вашингтон се појавиле во емисијата „Добро утро Америко“.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Сопругата на Џорџ Флојд со солзи во очите пред новинарите и ''скршена'' покрај нивната ќерка: „Таа повеќе нема татко, тој никогаш нема да ја види како расте...“

Џиана изјавила дека сака да биде доктор кога ќе порасне и дека сака да се грижи за другите луѓе, пренесуваат од „Daily mail“.

„Ми недостасува... Си играше со мене“ - изјавило девојчето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk