Точка ТВ: Ова се најосамените работи на светот...

Точка

04/06/2020

11:10

4.048

Големина на фонт

а а а

Секој од нас понекогаш се почувствувал осамено, но овие нешта се дефинитивно најосамените работи на светот – од последните припадници на видови кои го чекаат својот крај, до животните кои едноставно не можат да комуницираат со „своите“.

Дрвото „Тенере“ во Сахара беше единственото дрво во радиус од 400 километри. Стоеше осамено цели 300 години и веројатно никнало кога на тоа подрачје се уште немало пустина. За несреќа, неговото гордо пркосење на времето и осаменоста беше прекинато кога пијан возач успеал да удри во единствената препрека во радиус од неколку километри.

Ова дрво сега живее во националниот музеј на Нигер, додека пак на неговото некогашно место сега има метална скулптура.


Островот Хашима се наоѓа на околу 25 километри од Нагасаки, а таму некогаш живееле над 5 илјади луѓе. Таму цивилните и воени заробеници биле принудени да копаат јаглен, а кога Јапонија престанала да го користи јагленот како главно гориво, рудниците биле затворени, а островот напуштен. На островот денес не живее никој.

Жабата „Твртко“ е последниот припадник на видот “Ecnomiohyla Rabborum”, а оваа жаба не живее во своето природно живеалиште на Панама, туку во својот транспортен контејнер “frogPOD” во ботаничка градина во Атланта. Последната женка од овој вид угина во 2009-та година, а „Твртко“ ја изгубил желбата за парење откако бил заробен. Видот веќе се смета за изумрен.

Човекот од дупката – сте замислиле ли некогаш дека сте последниот човек на светот? Токму тоа му се случило на овој човек. За него се знае дека копал дупки на длабочина од два метри на својот остров во дождовните шуми на Амазонија. Веројатно живее осамен со децении и никој не знае како би комуницирал, ниту пак како комуницирало неговото племе.


Откако фондацијата “FUNAI” објави дека тоа е единствениот човек кој ги преживеал двата масакри кои го збришале неговиот народ била донесена декларација во радиус од 80 километри од неговото живеалиште да се забранат сите индустриски работи. За несреќа, декларацијата не била доволна во 2009-та година криминалци да го нападнат, но пак за чудо, тој успеал да преживее и побегнал подлабоко во шумата.

Синиот 52 е најосамениот кит на светот. Додека најголемиот дел од китовите комуницираат и слушаат на фреквенција од 10-39 Hz, тој „говори“ на фреквенција од 52 Hz. Ова значи дека ниту еден друг кит не може да го слушне, ниту да знае дека постои. Дури ниту луѓето го немаат видено – единствено може да се слушне неговата песна преку сонарните детектори.


Човек. Баш така, иако луѓето комуницираат на дневна база, осаменоста денес се смета за еден од најголемите проблеми кога станува збор за јавното здравје. Осаменоста има биолошко влијание на нашето здравје, стареење и животен век. Осаменоста е вистинска епидемија која ги погодува луѓето од сите старосни и социјални групи. Со оглед на тоа што осаменоста го зголемува ризикот за смрт од преку 25%, мораме да се потрудиме да го намалиме бројот на луѓе од нашата околина кои се чувствуваат така.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk