Комисијата предложи полициски час во Скопје, Тетово, Куманово и Штип од четврток до понеделник

Точка

03/06/2020

16:47

5.140

Големина на фонт

а а а

Комисијата за заразни болести достави предлог до Владата, полицискиот час да биде вратен во Скопје, Тетово, Штип и Куманово.

Полицискиот час би траел од утре (четврток) од 21 часот, до понеделник до 5 часот наутро. 

Ограничување во движењето ќе има и во другите општини, меѓутоа тој ќе трае од 16 часот до 5 часот наутро секој ден.

Сега останува уште Владата да го усвои овој предлог на својот следне состанок.

Потсетуваме, според обработените податоци од 974 тестирања, последниве 24 часа во земјава има 101 новозаболени од коронавирус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг